Синоќешниот четврти меч од првата рунда на плеј-офот во Западната конференција во НБА лигата, меѓу Минесота и ЛА Лејкерс мина во тензична атмосфера, особено во финишот, која играчите на теренот се бореа за секоја топка.
Во една ситуација во третата четвртина видовме и жесток дуел меѓу Леброн Џејмс и Руди Гобер, во која Французинот намерно со лактот го удри ветеранот во главата.
По прегледот на снимката судиите ја преквалификуваа личната грешка на Гобер како неспортска грешка од ниво 1.