Павард во „аут“, Турам е „ин“ за дуелот против Барселона

150

Тимот на Интер има сезонава огромна шанса за стигне до трофејот во Лигата на Шампионите. Сепак, за да го стори тоа, мора најпрво да го мине полуфиналниот двомеч против тимот на Барселона.
За него, тренерот Инзаги не може да смета на дефанзивецот Бенџамин Павард, кој што се повреди на дуелот против Рома изминатиот викенд.

Од друга страна пак, во тимот се враќа Маркус Турам по повредата на адукторот.

Во игра се и Дамфрис и Зиелински кои што направија кам бек по повредите токму на мечот против Рома.

 

ПретходноПедро со два гола го спаси Лацио од пораз!
СледноЕдна од најголемите победи во историјата на плејофот во НБА: Кавс со „метла“ за Мајами (ВИДЕО)