Савовски и Војводина се изборија за „мајсторка“ за титулата во Србија

47

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Филип Савовски и неговиот тим Војводина се вратија од „мртвите“ во финалната серија на плеј-офот во шампионатот на Србија и сега повторно се пред можност да ја освојат шампионската титула.

Савпвски и неговите соиграчи од новосадскиот состав успеаја да ја спасат серијата во финалето во која екипата на Војводина губеше од Раднички Крагуевац со 2-1 во партии и да се изборат за „мајсторка“ која во среда ќе го одлучи шампионот на Србија.

Одбојкарите на Војводина со феноменална игра славеа на четвртиот меч од серијата со 3:1 (22:25, 34:32, 25:22, 25:15) и израмнија на 2:2.

Нашиот среден блокер повторно беше на посакуваното ниво. Средбата ја заврши со 5 реализирани поени.

 

ПретходноРидигер ќе мора да оди на операција на коленото
СледноАрбелоа, Раул или Солари ќе го водат Реал (М) на Светското клупско првенство