ТИМ И ИГРАЧ НА 29.КОЛО: Закариќ блеска ли блеска…

304

Горан Закариќ без конкуренција е играч на ова 29.коло во ПМФЛ. Играчот за врска од БиХ, капитенот на нашиот најтрофеен клуб уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите фудбалери во нашата елитна лига сезонава.Вардар има среќа што овој некогашен член на Динамо Загреб, Партизан, Железничар го носи “црвено – црниот“ дрес.

Едноставно одигра одличен меч против Беса во саботата, беше двоен стрелец во тие 3:1 и затоа е играч на колото според „СпортСпорт“.

Покрај него во тимот на колото се и Јанкулов и Мато (Вардар), Ќосевски и Илиевски (Струга ТЛ), Ристевски (Пелистер), Имери (Шкупи), Тарасенко (Пелистер).

Факт е дека мечот на Маџари беше прекинат во 85.минута, но не по вина на Работнички кој одиграа одлично и водеше со 1:2 до тој момент кога Гостивар се одлучи да се повлече од теренот, па затоа не може да им се одземе правото на Белица, Демири и Дане кои блескаа вчера да бидат дел од тимот на ова 29.коло.

Колку да нема недоумици.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

ГОРАН ЗАКАРИЌ

Тим: Вардар

Роден: 07.11.1992 во БиХ

Кариера: Козара, Широки, Динамо Загреб, Локомотива, Зрински, Железничар, Партизан, Крајова, Борац Бања Лука, Оход, Еоликос, Вардар

ПретходноИГОР СТЕФАНОВСКИ ИЏЕ НА ПОДИУМ ВО АВСТРИЈА
СледноСкандалозно: Поранешен кошаркар на Фени и Кожув посочен како еден од местачите на мечеви во Србија!