Утре ждрепката ќе реши дали Алкалоид ќе биде домаќин или гостин на првиот финален меч

212

Ракометарите на Алкалоид вчера напрваија историски подвиг со пласманот во финалето на ЕХФ Европскиот куп. Пред момците на Лазаров останува уште финалниот двомеч со екипата на АЕК Атина, која по пет години повторно ќе игра финале во истото ова натпреварување, откако во сезоната 2020/21 успеа да го освои пехарот. 

Ждрепката на која ќе се одлучи дали првиот натпревар од финалето ќе се игра во Грција или во Македонија е закажана за утре во 11 часот во Виена.

Првиот натпревар ќе се одигра на 17/18 мај, додека новите шампиони ќе го подигнат трофејот на 24/25 мај по реваншот од финалето.

ПретходноСтоичков му врачи пехар на Пандев за победата во Варна (ВИДЕО)
СледноРидигер ќе мора да оди на операција на коленото