Данило Брестовац засега има сезона за памтење во Катар. Поранешниот македонски селектор до сега освои три пехари. Последниот го подигна вчера, откако со неговиот тим Ал-Араби го победи Ал Рајан (каде тренер на голманите е Петар Мисовски) во битката за титулата.
Брестовац на врвот на катарската Супер-лига стигна со 17 победи и само еден пораз. Македонскиот тренер на Ал-Араби му ја донесе третата титула во историјата, последен пат овој клуб бил шампион во 2020 година.
Тој претходно ги освои Президент Куп и Голф Куп со што ги исполни големите очекувања кои раководството на клубот ги имаше по неговото ангажирање.
Брестовац во Катар дојде од Ал Сафа (С.Арабија). Во својата кариера покрај селектор на Македонија, го водеше и националниот тим на Обединетите Арапски Емирати.
Од македонските клубови го водеше Металург и Тиквеш, а работеше во Шамбери (Франција), Ред Бојс (Луксембург) и на Блискиот Исток како тренер на Ал Мудар со кого освои титула и Супер-куп.