Минесота, Њујорк, Бостон и Индијана на победа до конференциско полуфинале (ВИДЕО)

92

Во голема кошаркарска драма до последната секунда, кошаркарите на Минесота Тимбервулвс славеа над ЛА Лејкерс со 116:113 и поведоа со 3-1 во првото коло од плеј-офот на Западната конференција.

Најзаслужен за големата побеза да Минесота беше Ентони Едвардс кој средбата ја заврши со 43 поени, девет скока и шест асистенции. Џулиус Рендл додаде 25 поени и седум скока, а Џејден МекДениелс запиша 16 поени и 11 скока.

Лука Дончиќ со 38 поени и Леброн Џејмс со 27 беа единствените двајца во составот на Лејкерс кои го понесоа товарот на мечот, додека Руи Хачимура постигна 23 поени, а Остин Ривс имаше 17 поени, но го „преспа“ цело прво полувреме.

Бостон поведе со 3-1 против Орландо откако синоќа победи со 107:98 на гостински терен. Џејсон Тејтум со 37 поени и 14 скока беше лидер кај „келтите“, каде Џејлен Браун додаде 21 поен и 11 скока. Бостон ќе има шанса да се пласира во полуфиналето на Источната конференција во петтиот натпревар од серијата, кој е закажан за вторник навечер.

Индијана поведе со 3-1 против Милвоки со победа од 129:103 на гостински терен. Најефикасен играч кај Индијана беше Мајлс Тарнер со 23 поени. Јанис Адетокумбо со 28 поени, 15 скока и шест асистенции не успеа да го спаси тимот на Бакс од нов пораз. Синоќа победа остварија и кошаркарите на Њујорк, кои на гости го победија Детроит со 93:94 и дојдоа на победа до пласман во вториот круг од плеј-офот.

ПретходноЈаник Синер се огласи пред неговиот кам-бек после суспензијата
СледноАко ја прифати понудата на Бразил, Анчелоти ќе стане најплатениот селектор