Објавени се судиите за полуфиналето од Лигата на шампионите

265

Објавени се судиите за полуфиналето од Лигата на шампионите. Дуелот помеѓу ПСЖ и Арсенал ќе го води словенечкиот арбитар Славко Винчиќ. Овој дуел секако се игра утре во стандардниот вторнички ЛШ термин од 21:00 часот. Арсенал во четвртфиналето го совлада Реал Мадрид, додека ПСЖ беше подобар од Астон Вила.

Клемент Турпин ќе биде главен судија на натпреварот меѓу Барселона и Интер на Луис Компани во среда.

Барселона се пласираше во оваа фаза од турнирот по победата над Борусија Дортмунд, додека Интер го елиминираше Баерн Минхен.

ПретходноВардар најде замена за Аларов
СледноСелекторот Лазаров одбра за Естонија и Литванија