Вечерва во меч од 34.коло во Серија А, Удинезе и Болоња одиграа без победник и без голови. Освоија по бод, само прашање е на кого оваквиот исход повеќе му одговараше.
Веројатно за домашните ако се знае дека Болоња бие битка за пласман во Лигата на Шампионите, па така сега како петта има само бод повеќе од забревтаната Рома.
Во второто полувреме гостите преку Орсолини имаше две големи шанси, посебно таа во 89.минута е за истанување, но сепак на крајот овој меч во Удине заврши без победник.