Македонскиот одбојкарски репрезентативец Филип Савовски и неговиот тим Војводина се вратија од „мртвите“ во финалната серија на плеј-офот во шампионатот на Србија и сега повторно се пред можност да ја освојат шампионската титула.
Савпвски и неговите соиграчи од новосадскиот состав успеаја да ја спасат серијата во финалето во која екипата на Војводина губеше од Раднички Крагуевац со 2-1 во партии и да се изборат за „мајсторка“ која во среда ќе го одлучи шампионот на Србија.
Одбојкарите на Војводина со феноменална игра славеа на четвртиот меч од серијата со 3:1 (22:25, 34:32, 25:22, 25:15) и израмнија на 2:2.
Нашиот среден блокер повторно беше на посакуваното ниво. Средбата ја заврши со 5 реализирани поени.