Нашите фудбалски ветерани вчера ја победија златната генерација на бугарскиот фудбал на хуманитарниот меч во Варна со 3:2. По мечот, легендата на бугарскиот фудбал Христо Стоичков, кон беше еден од „виновниците“ за организација на овој настан за да се соберат средства за настраданите од трагедијата во Кочани, на нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев му врачи пехар за победата, а играчите на нашата селекција на ветерани си добија и медали.