Победа над Беса во доминантна игра и тоа со 3:1, одличен настап на Вардар и продолжувње на серијата која сега стигна до 13 меча во низа без пораз. Токму затоа Гоце Седлоски според „СпортСпорт“ е тренер на ова 29.коло.
Во неколку наврати сме истакнале, ама треба уште и уште. Се покажа дека Гоце Седлоски е идеалното решение за клупата на Вардар. Оваа пролет нашиот најтрофеен клуб е страв и трепет за сите во ПМФЛ. Остварен е пласман и во финалето во Купот на Македонија прво после цели 18 години.
Само Шкендија на стартот се “извлече“ со среќна победа, никој друг еве 13 меча во низа не успеа да го победи составот на Седлоски.
Така е, кој си знае си знае!