Карло Анчелоти ќе стане најплатениот селектор на една репрезентација доколку прифати да го преземе Бразил. Според информациите на новинарот Сезар Луис Мерло, на Италијанецот му е понуден договор до 2030 година, а одлуката е на него.
Претходно се дозна дека тренерот и дефинитивно решил да ги напушти Реал на крајот на сезоната и да започне преговори со преставници на Бразилската конфедереција.
Бразилците веќе доставиле официјална понуда за платата, а доколку Анчелоти ја прифати, ќе заработи повеќе од кој било друг селектор на една репрезентација.
Анчелоти би останал на кормилото на Бразил до 2030 година.