Амановиќ: Нема да играм за Македонија, само Србија е прва опција

1626

Дилемата околу евентуалниот повик за Алекса Амановиќ за А репрезентацијата на Македонија повеќе не постои. За медиумите во Казахстан некогашниот младински репрезентативец на Македонија децидно кажа дека нашиот дрес нема му е опција и дека размислува само за евентуалниот повик на Србија.

Дали е опција за вас Македонија евентуално Казахстан? Е прашањето на новинарот на што Амановиќ вели.

„Казахстан не е опција, затоа што не сакам да му земам место некој домашен играч. Македонија исто така не е опција. Единствен избор за мене е Србија“ – вели Амановиќ.

Дефанзивецот своевремено настапи во квалификациите за Евро на нашата У21 репрезентација, во времето кога настапуваше за Јавор. Тој никогаш не беше дел од нашиот ПМФЛ шампионат, туку од Јавор директно замина за Казахстан.
Селекторот Милевски во една прилика запрашан на оваа тема изјавил дека средбата со Амановиќ во Анталија поминала во многу чудна атмосфера и дека очекувал поинаков однос од играчот кој реално беше и промовиран преку У21 репрезентацијата на Македонија.

ПретходноВтор финален меч: Штип УГД сака реванш во Струмица за поразот дома
СледноДарвин заврши со Ливерпул, на Ливерпул му треба голгетер како Исак или Дејвид