Во новата сезона Вардар ќе има нов ракометар што настапува на позицијата од шест метри. По пауза од неколку сезони „црвено-црниот“ дрес повторно ќе го облече пивотменот Кристијан Анастасовски, кој е дете на Вардар.
Тој ќе биде замена за Михаил Аларов кој заминува од таборот на „црвено – црните“ на крајот од оваа сезона.
Анастасовски во моментов е член на екипата на Тиквеш од Кавадарци каде со успех настапува и беше забележан неговиот напредок.
Покрај за матичниот Вардар, тој има настапувано и за екипите на Работнички, Охрид, Анжер (Франција) и Кастриоти (Косово).
Анастасовски има настап и за младинската репрезентацја на Македонија на ЕП 2014 година. Неколкупати беше и на поширокиот список на сениорската репрезентација на Македонија.
„Чест и задоволство е да бидам дел од клуб каков што е Вардар. Таму ги почнав моите ракометни почетоци и среќен сум што сега повторно се враќам. Вардар е европски клуб со големи успеси зад себе. Се надевам дека заедно ќе имаме уште многу победи и успеси, изјави Анастасовски.