Лазаров по пласманот во финалето: Горд сум на тимот!

791

Алкалоид ќе игра во финалето на ЕХФ Европскиот Куп, откако после изведување на пенали дојде до посакуваниот резултатот на реваншот против Рунар. Во битка за пехарот Алкалоид ќе игра против АЕК.

Кирил Лазаров има право на целосно задоволство, дојде до финалето без главните лидери во составот.

„Горд сум на тимот за тоа како ги одигра овие два натпревари со сериозно квалитетен противник. Во отсуство на нашите носители на играта покажавме дека колективот, доколку дејствува тимски може да покрие многу недостатоци и да направи успех.
Со оглед на ситуаијата, нѐ очекува пеколна завршница на сезоната. Ќе внимавме на сѐ за на важните натпревари бидеме на потребното ниво.
Пласманот во финалето на Алкалоид е голем успех за клубот, но и за целиот македонски ракомет. Очекуваме поддршка во финалето од љубителите на ракометот во Македонија, ќе ни биде многу потребна“, изјави Лазаров.

ПретходноАрбелоа, Раул или Солари ќе го водат Реал (М) на Светското клупско првенство
СледноВтор финален меч: Штип УГД сака реванш во Струмица за поразот дома