Ако имаше и некакви дилеми досега, сега и се решено. ПМФЛ шампионатот останува без еден член, откако денеска екипата на Воска на закажаниот дуел од 29. коло од овогодинешното првенство во Струмица не се појави на мечот со Брера.
Домаќинот уредно го организираше мечот според правилата и прописите, се појави на терен, но гостинот откако и претходно најави преку соопштение дека се повлекува од натпреварувањето сезонава сега тоа го спроведе и на терен.
Па така, по недоиграниот меч против Вардар кој по израмнувачкиот гол на гостите од Скопје, на кој Воска реши да го напушти теренот ова е втор меч како прволигашот од Охрид не го игра.
Ова значи дека автоматски, според статутот по два неодиграни мечеви автоматски клубот се сели во најнизок ранг на натпреварување.
Со ова завршува една прволигашка приказна која реално и немаше којзнае колкав рок. Воска заминува во најнизок ранг на натпреварување и прашање е што ќе се случува понатаму со овој клуб.