Педро со два гола го спаси Лацио од пораз!

49

Лацио – Парма 2:2 е епилогот од вечерашниот меч од 34.коло во Серија А. Јасно е дека овој бод е премалку за тимот од Рим кој води битка за пласман во Лигата на Шампионите, но треба да се знае дека до 79.минута гостите од Парма имаа сензационално водство од 0:2 и два зицери за 0:3. И кога тоа не го искористија на сцена стапи искусниот Педро кој со два гола, во 79. и 84.минута, успеа на Лацио да му донесе бод на “Олимпико“ во Рим. Инаку Шпанецот во игра влезе во 57.минута.

Да кажеме дека головите за гостите беа дело на Ондрејка во 3. и 46.минута, а на 2:2 имаа уште една супер шанса за 2:3, но немаа среќа гостите.

На вториот меч вечерва Каљари како гостин славеше кај Верона со 0:2.

ПретходноГотово е: Чаби Алонсо наскоро ќе објави дека е нов тренер на Реал, а еве како “кралевите“ ќе се простат од Дон Карло!
СледноПавард во „аут“, Турам е „ин“ за дуелот против Барселона