Владимир Ивеља, поранешен кошаркар на Фени и Кожув, е посочен како еден од кошаркарите, вкупно седуммина, за местење на натпревари. Според соопштението на КСС сите седуммина се гонат и сите се процесуирани пред органите на федерацијата.
Од КСС искочија со официјлно соопштение во кое се вели дека тие се залагаат за фер и чист спорт.
„КСС најостро ја осудува секоја форма на местење натпревари, бидејќи таквите малверзации директно ја нарушуваат еднаквоста на конкуренцијата и ги прават бесмислени основните правила на фер-плеј кои се основата на спортот.
Свесни за сериозните и далекусежни последици што местењето натпревари ги има врз кошарката и спортот воопшто, нагласуваме дека ќе ги вложиме сите наши ресурси и капацитети во борбата против овој проблем. Решени сме да застанеме против сите негативни појави кои го загрозуваат интегритетот на натпреварувањето и во соработка со ФИБА и документацијата што ја собраа, да ги преземеме сите неопходни мерки пред надлежните државни институции за заштита на спортските вредности.
Затоа, сакаме да истакнеме дека досега пред органите на Кошаркарската федерација на Србија се гонети: Никола Христов, Алекса Новаковиќ, Коча Јововиќ, Милош Чобјашиќ, Владимир Ивеља, Милан Радивојевиќ и Вук Џорџевиќ“