Момент кој е “фатен“ од нашиот фотограф вчера на Маџари откако играчите на Гостивар по наредба на газдата, стоеја пред влезот во соблекувалните во исчекување на тоа што тој конечно ќе каже.
Ќе се игра или? И дојде официјалното НЕ, откако претходно тој им нареди да се повлечат од теренот и да го прекинат дербито со Работнички.
Ова е фото за паметење, ова е фото кој го одбележа ова 29.коло, нема што срамен гест или чин на првиот човек на Гостивар.