ЛШ: ПСЖ со минимална предност си замина од Лондон, Арсенал ќе бара чудо во Париз (ВИДЕО)

176

Францускиот шампион ПСЖ со минимална победа од 0:1 заминува од Лондон по првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА. Единствениот гол од 4. минута на мечот кој го постигна Усман Дембеле, практично го реши овој меч, по кој ПСЖ покажа дека во моментов играчки, па од вечерва и резултатски, е многу поблизу до големото финале во Минхен.

Французите во поголемиот дел од натпреварот беа подобар тим на теренот, а во завршницата од мечот имаа уште две 100% шанси кои не успеаја да ги претворат и во поубедлива победа. Резервистите Баркола и Рамос добија голема шанса да се запишат меѓу стрелците, но нивните удари во завршните 10 минути од мечот не завршија во мрежата на вечерва одличниот Раја.

Арсенал најубавата шанса ја имаше предку Мерино, кој успеа да погоди во првото полувреме, но поради офсајд неговиот гол беше поништен. Во вториот дел зрели шанси имаа и Тросар и Мартинели, но нивните удари со брилијантни интервенции спречи да завршат во неговиот гол, голманот на гостите Донарума.

Реваншот следната недела во Париз ќе го реши патникот на „Алијанц Арена“ на 31. мај.

ПретходноЕвролига: Шортс не можеше сам, Фенер е прв патник на Ф4
СледноИН МЕМОРИАМ: На 54. години почина Николче Здравески