Јамал пред мечот со Интер: Многу се добри во одбрана, ќе мора да внимаваме на контри

205

Младата ѕвезда на Барселона, Ламине Јамал, го именуваше најсилниот тим на Интер во очекување на нивната меѓусебна пресметка утре во првиот дуел од полуфиналето на ЛШ.

„Тие се многу силен тим во одбраната, тоа е нивното најдобро оружје, и секако играат многу добро во контранападите. Но, ние сме добри и мора да направиме сè што можеме за да поминеме понатаму. Сите кои играат во полуфиналето на Лигата на шампионите, играат за да стигнат до финалето и ќе дадат сè од себе. Овој дуел нема никаква врска со нивните настапи во Италија. Се ќе биде поинаку“, смета Јамал.

ПретходноАлиоски со Ал Ахли ќе игра во финалето на Азиската Лига на шампиони (ВИДЕО)
СледноБаерн и Вирц се договориле, но клубовите се уште не си подале рака