Алкалоид првиот дуел од финалето со АЕК го игра на гости

197

Вака одлучи денешната ждрешната ждрепка со која нашиот финалист во ЕФХ купот, тимот на Алкалоид ќе се сретне со грчкиот претставник од Атина. Токму таму, АЕК и Алкалоид ќе го играат првиот од двата финални дуели,на 18/19 мај додека пак реваншот во Скопје ќе се игра секако една недела подоцна.

Ова е секако добра вест за нашиот претставник, иако не мора и да биде правило дека вториот меч е подобро да се игра дома. Алкалоид е правиот пример за тоа, затоа што токму во полуфиналето нашиот претставник на свој терен одигра маестрално и победи со пет гола предност над тимот на Рунар, што беше пресудно за пласманот во финалето.

 

ПретходноЛилард ја скина ахиловата тетива
СледноПол Погба ја продолжува кариерата во МЛС