Екипата на Алкалоид ја оправда фаворитската улога во својата група за пласман во завршницата во Купот на Македонија. Од авион од Норвешка, избраниците на Кирил Лазаров во еден ден запишаа две победи. Прво го совладаа Мулти Есенс со 37-12, а потоа во финалето убедливо славеа против Пролет со 42-30.
Алкалоид е бранител на титулата, на Ф4 претходно се пласираа Вардар 1961, Пелистер и ГРК Охрид.
Лазаров на располагање имаше комбиниран состав, кој успеа да ја оправдаа довербата, стандардните ракометари се обиде да ги поштеди. Првото полувреме Алкалоид го доби со 18-12, а веќе на стартот на вториот дел дојде до двоцифрена разлика против Пролет од 22-12, која без проблем ја зголемуваше.
Дамјан Митев со осум гола беше прв стрелец, Максим Гарбески запиша пет гола. На другата страна Симовски и Шилегов запишаа по четири.