Димитрис Итудис, кој неодамна го освои Еврокупот со кошаркарите на Хапоел Тел Авив, даде интересно интервју за „Баскетбол Сфер“ и во него се осврна на главните теми, сомнежи и проблеми во европската кошарка.
Прво на сите, тој истакна дека е за проширување на Евролигата, во која треба да се натпреварува и клубот што го тренира во следната сезона.
„Во главата имам модел за проширување на Евролигата. Стигнавме до точка каде што лигата е доволно зрела за проширување на 20, 22 или 24 екипи во наредните години. Ќе се играат повеќе натпревари, но интересот за домашните натпреварувања нема да се изгуби. Еврокупот треба да ги даде двата најдобри тима во Евролигата, додека двата најлоши од Евролигата треба да испаднат“, рече поранешниот стратег на ЦСКА и Фенербахче.
Гркот апострофираше дека е за укинување на фајнл-форот и дека е поддржувач на форматот според кој плејофот би се играл на три победи од крајот на Евролигата.
„Имам идеи и аргументи што би можел да ги предложам како претседател на Здружението на тренери на Евролигата и активен тренер со богато искуство. Повеќе сум склонен кон комплетен систем на плејоф, иако 14 пати сум бил на завршните четири натпревари. Имам големо почитување кон оваа организација и завршните четири натпревари, но верувам дека плејофот значи кошарка“, е јасен Итудис.
Итудис не е првиот што се залага за плејофот до крајот, бидејќи во форма на фајналфорот, одредени тимови на неутрален терен ја губат предноста што ја стекнаа со своите добри игри во лигашкиот дел.