Лилард ја скина ахиловата тетива

50

Демиан Лилард заработи тешка повреда. Ја скина ахиловата тетива на левата нога и за него сезоната е завршена, и големо е прашање кога тој ќе се врати повторно на терен. Повредата е сериозна, потребна е операција и рехабилитација, и пред се време за заздравување.

Оваа информација ја потврди и самиот клуб, откако Лилард ги направи потребните детални прегледи и стана јасно за што станува збор.

Бекот се повреди за време на поразот од Индијана Пејсерс во четвртиот натпревар, 103:129.

 

ПретходноСинот на легендата на Босна да заигра за Македонија
СледноАлкалоид првиот дуел од финалето со АЕК го игра на гости