ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Дембеле за водство на ПСЖ, Арсенал се пробуди во финишот (ВИДЕО)

109

Фудбалерите на ПСЖ имаат предност од 0:1 (ВИДЕО) по првиот дел на првото полуфинале во Лигата на шампионите на УЕФА, вечерва во Лондон против Арсенал. УШте во 4. минута на средбата гостите успеаја да го погодат голот на „топчиите“ и да обезбедат предност која лесно можеше да биде зголемена кон финишот на првото полувреме.

Усман Дембеле погоди во 4. минута за предност на Французите, а по доминацијата во посед која ја имаа гостите во ова прво полувреме, Дуе имаше уште една 100% шанса кон финишот на полувремето која не успеа да ја претвори во зголемено водство, само поради фантастичната интервенција на Раја.

Арсенал се закани кон крајот на првиот дел, но не успеа да погоди за израмнување. Извонредна шанса имаше Мартинели, но Донарума со бравурозна одбрана не дозволи гол за Англичаните.

ПретходноСтигнаа казните: Ридигер суспендиран на шест, Лукас Васкез на два меча
СледноАлиоски со Ал Ахли ќе игра во финалето на Азиската Лига на шампиони (ВИДЕО)