Начевски и Николов судат четвртфинале во ЛШ

100

Најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорги Начевски и Славе Николов ќе судат едно од четвртфиналињата на Лигата на шампионите во машка конкуренција.

Европската ракометна федерација ги делегираше судиите за натпреварите од четвртфиналето, а Начевски и Николов добија задача да патуваат за Данска каде ќе го судат натпреварот меѓу екипите на Алборг и Фуксе Берлин.

Натпреварот меѓу екипите на Алборг и Фуксе Берлин ќе се одигра утре со почеток од 18:45 часот.

ПретходноЃоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Рим
СледноБранителот на Куп трофејот Алкалоид убедливо го завери местото на Ф4