Екипата на Олимпија Милано за кого настапува македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ следната сезона може да има промени во составот.
Веќе долго време се пишува за незадоволството на Димитријевиќ од доверената минутажа од страна на Еторе Месина, како и за најавите дека размислува да ја смени средината.
Покрај Нено, италијанскиот тим може да остане без уште еден важен кошаркар. Според неофицијални извори, Никола Миротиќ ова лето како слободен агент може да го напушти Олимпија Милано и да се пресели во Монако. Францускиот тим му нуди тригодишен договор.