Парични казни плус суспензија за тренерите на Вардар и Шкупи

105

Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ ги изрече казните за инцидентот на дуелот меѓу Вардар и Шкупи во рамките на плеј-аут лигата. По завршување на овој натпревар дојде до физичка пресметка меѓу двата тима, а истата не ескалираше бидејќи полицијата веднаш реагираше.

Тренерот на Вардар, Александар Јованчев и кошаркарот на „вардарци“, Филип Најков, како и помошниот тренер на Шкупи, Фаик Мифтари добија суспензија од два натпревари, додека претставникот на клубот, Валон Деари еден меч.

Вардар ќе плати вкупно 120.000 денари, Јованчев е казнет со 50.000 денари поради напад на службено лице од противничка екипа, а за истото дело Најков исто доби парична казна од 50.000 денари. Вардар доби дополнителни 20.000 денари поради лоша организација и еден меч на домашен терен без публика.

КК Шкупи е казнет со 75.000 денари. Претставникот на клубот Деари поради физички напад е казнет со 50.000 денари, а Мифтари доби казна од 25.000 денари.

ПретходноФормула 1 ќе ги промени правилата за пцуење
СледноИтудис: Укинете го фајнал-форот, плеј-офот е вистинска кошарка!