Натпреварувачката комисија при Фудбалската федерација на Македонија го регистрираше прекинатиот меч од 29. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Гостивар и Работнички со службена победа за гостите од 0:3.
Натпреварот беше прекинат во 85. минута при резултат 1:2 за екипата на Работнички, откако екипата на Гостивар незадоволна реши да се повлече од теренот.
Гостивар е предаден на Дисциплинската комисија при ФФМ која до крајот на оваа недела треба да ги изрече и казните за прволигашот. Останува да почекаме каква ќе биде одлуката на дисциплинците.