Огнен Чак Дојчиновски
Фудбалската Федерација на Македонија и новото нејзино раководство јасно стави до знаење дека приоритет ќе биде младинскиот фудбал, младинските репрезентации, и нивно подобрување што е можно повеќе.
Тоа е макотрпен процес, кој не дава веднаш резултати, па нормално е да помине извесен период. На домашна сцена тоа значи пред се подобрување на инфраструктурата, санација на она што не функционирало во системот, правилна селекција, и секако напорна работа.
Од друга страна пак, кога сме ние во прашање секогаш ќе бидеме во потрага и по засилувања од странство, од каде што дијаспората би можела осетно да ни помогне со квалитетни поединци.
Па така, Спортспорт има покренато иницијатива за десетици млади фудбалери со наше потекло, од кои дел завршиле во дресот на Македонија, а овојпат повод е Лука Мисимовиќ.
Во моментов членот на тимот на Борац Бања Лука, клубот каде што со успех настапуваат Дамјан Шишковски, Бобан Николов и колумбиецот со пасош на Македонија, Себастиан Херера.
Неговиот татко е легенда на фудбалот во Босна
Лука Мисимовиќ е син на некогашниот капитен и легенда на репрезентацијата на Босна, Звездан Мисимовиќ. Човекот со преку осумдесет мечеци за Босна има сопруга која е македонка и која е по потекло од Струмица. Синот Лука има македонски пасош и досега беше дел од младинските У17 и У19 на Босна.
Неговата кариера започнува во Германија, каде што Мисимовиќ сениор со супех настапуваше повеќе од деценија. Лука посериозен организиран фудбал заигра во Минхен 1860, како и Инголштад се до У19 тимот, а потоа се пресели во Босна. За поголема минутажа, а тоа фудбалот во Босна и го дозволува настапува на двојна регистрација во тимот на БСК Бања Лука каде што сезонава постигна седум голови. Синоќа пак победата на Борац над Слога Добој ја одгледа од клупата.
Роден е 2005 година, има 20 години и е опција за нашата репрезентација до 21. година. таа во месец јуни ќе има свои активности во кои акцент ќе се стави на потенцијалните репрезентативци од дијаспората, па можеви и Мисимовиќ наскоро ќе го видиме во нашиот национален дрес.