Уште една лоша вест за Реал: Менди има руптура на тетивата, го чека пауза од три месеци!

77

Уште еден фудбалер на Реал (М) ризикува да го пропушти Светското клупско првенство поради повреда.

Дефанзивецот Менди се повреди на натпреварот против Барселона (2:3) во финалето на Купот на Шпанија и мораше да го напушти теренот во 11-тата минута.

Реал Мадрид објави дека на Менди му е дијагностицирана руптура на проксималната ректусна тетива на десната бутина. Според некои извори, Французинот ќе биде надвор од терените најмалку 2,5 месеци, што значи дека нема да може да игра на Светското клупско првенство.

ПретходноЛШ СТАРТНИ СОСТАВИ: Артета почнува со Тросар, Енрике го остави Баркола на клупа (ФОТО)
СледноЃоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Рим