Фабрегас е опција за замена на Раниери во Рома

48

Уште кога пристигнуваше во ноември минатата година, беше јасно дека овој мандат на Клаудио Раниери како тренер на Рома ќе биде еднократен и до лето. Иксусниот стратег се врати од пензија за да го спаси тимот од многу лоша резултатска ситуација, во тоа успеа на најдобар можен начин и како херој во јуни ќе се врати во пензија.

Од друга страна пак, управата на Рома погоди со неговото активирање, но сега мора да погоди и со неговата замена која е неминовна и следува токму ова лето.

Па така, „Скај Италија“ денеска објавува дека еден од фаворитите за оваа позиција е во моментов тренерот на Комо, Цеск Фабрегас кој што одлично се снаоѓа во моментов.

Шпанецот го привлече вниманието на многу клубови, вклучувајќи ги Милан, Јувентус и РБ Лајпциг, но Комо инсистира дека ќе остане со нив. Сепак, во моментов ова изгледа сè помалку веројатно и шансата тој да замине на Олимпико воопшто не е мала.

ПретходноРудигер паузира од шест до осум недели
СледноПовредата на Јовиќ не е сериозна