Најдобриот состав од регуларниот дел од сезоната во домашното одбојкарско првенство во женска конкуренција, Јанта Волеј, ја оствари и втората победа во финалната серија од плеј-офот и дојде на чекор до освојувањето на шампионската титула. Попладнево на гостувањето во СЦ „Борис Трајковски“, Јанта Волеј во четири сета го победи шампионот Работнички и сигурно зачекори кон обезбедувањето на шампионскта титула по пауза од три години.
ВТОР НАТПРЕВАР:
РАБОТНИЧКИ – ЈАНТА ВОЛЕЈ 1:3 (27:25, 13:25, 17:25, 18:25) / 0-2
Мечот започна цврсто и од двете страни. Иако и двата тима како да влегоа во мал грч, првиот сет изобилуваше со неизвесност и добри поени. На крајот Работнички имаше за нијанса повеќе среќа и умешност во завршницата и поведе со 1:0.
По овој загубен сет, гостинките заиграа многу подобро. Имаа одличен напад, за разлика од лошиот прием на домашните, што резултираше со убедливо добиен втор сет за израмнување. Во тетиот сет Јанта Волеј имаше резултатска предност од средината до самиот крај и со само 17 загубени поени дојде до предност од 1:2.
Работнички имаше шанси да се врати во игра за тај-брејк, откако до финишто на сетот беше многу блиску резултатски, но гостинките повторно искористија серија грешки на домашните и со 18:25 го затворија мечот за втора финална победа.
Бошковска со 13 и Ѓорѓиевска со 11 поени беа нејефикасни кај победничките, додека кај Работнички Стакхаус оствари 11 поени.