Баерн и Вирц се договориле, но клубовите се уште не си подале рака

110

Претставниците на Баерн и фудбалерот на Баер (Л), Флоријан Вирц речиси се договорија за трансферм тврдат германски извори.

Според последните информации, иако сè уште не е постигнат договор меѓу клубовите за трансфер на 21-годишниот играч од средниот ред, фудбалерот и баварскиот гигнат си подале рака.

Манчестер Сити и Реал Мадрид се уште се во трка за Вирц, но само доколку Баерн не успее да се договори со „фармацевтите“. Прогнозите се дека Вирц најверојатно ќе остане во Германија најмалку уште неколку сезони пред да се реши за интернационална кариера.

Оваа сезона, играчот од средниот ред одигра 42 натпревари за Баер во сите натпреварувања, постигнувајќи 15 гола и запишувајќи 12 асистенции.

ПретходноЈамал пред мечот со Интер: Многу се добри во одбрана, ќе мора да внимаваме на контри
СледноЕвролига: Шортс не можеше сам, Фенер е прв патник на Ф4