Една од најголемите победи во историјата на плејофот во НБА: Кавс со „метла“ за Мајами (ВИДЕО)

120

Кливленд го елиминира и гпонижи Мајами. Кавалирс го остварија својот четврти триумф совладувајќи го тимот од Флорида со 138:83. Мичел со 22 и Хантер со 19 поени го предводеа Кливленд во оваа неверојатна победа.

Никола Јовиќ го одигра натпреварот на сезоната за Мајами со 24 поени, пет скока и две асистенции.

Кливленд се пласираше понатаму во четири натпревари, постигнувајќи вкупно 122 поени. Тоа е еден поен повеќе од претходната рекордна серија што Денвер ја постави против Њу Орлеанс во 2009 година. За време на синоќешната средба, Кавс имаа предност од 60 поени, а заврши со 55 поени разлика, што е четврта најубедлива победа во историјата на плејофот во НБА.

Најголеми победи во плејофот на НБА:
58 поени – Минеаполис против Сент Луис во 1956 година
58 поени – Денвер против Њу Орлеанс во 2009 година
56 поени – ЛА Лејкерс против Голден Стејт во 1973 година

Драма има во дуелот помеѓу Голден Стејт Вориорс и Хјустон Рокетс на Западот. Во четвртиот дуел од четвртфиналната серија, Голден Сатејт, по голема борба, синоќа победи со резултат 109:106 и поведе со 3:1 во серијата.

Батлер беше одличен за Вориорс со 27 поени, пет скока и шест асистенции. За „Рокетите“, Туркин Сенгун имаше забележителен натпревар со 31 поен, десет скока и пет асистенции.

НБА плејоф, четвртфинални дуели од плејофот:

Кливленд Кавалирс – Мајами Хит 138:83

Голден Стејт Вориорс – Хјустон Рокетс 109:106

ПретходноПавард во „аут“, Турам е „ин“ за дуелот против Барселона
СледноЛиверпул објави кога ќе биде шампионската парада, се очекуваат повеќе од милион фанови!