Повредата на Јовиќ не е сериозна

82

Интернационалецот од Србија, Лука Јовиќ не е потешко повреден, и наскоро ќе се врати на тренинг. Ќе му се стави на располагање на тренерот на Милан, Серџо Консеисао.

Пред дуелот со Венеција на гостински терен, Јовиќ беше планиран да стартува, но почувствува болка во грбот и беше одстранет. Сепак, веднаш е констатирано дека не се работи за нешто посериозно и дека со неколкудневни терапии, тој целосно ќе биде фит.

Јовиќ до крајот на неделата ќе се врати на тренинг, а дефинитивно ќе биде во комбинација за финалето од купот на Италија, кое е закажано за 14 мај.

 

ПретходноФабрегас е опција за замена на Раниери во Рома
СледноФудбалска историја на едно место: Овие моменти не се случајни, Омерагиќ ги направи возможни!