Симеоне го продава еден од своите најдобри фудбалери!

1489

Раководството на Атлетико Мадрид има големи амбиции за летниот преоден рок. Диего Симеоне прави напор “јорганџиите“ да се засилат барем со двајца екстра квалитетни играчи. Се споменуваат Енцо Фернандез, потоа Кристијан Ромеро и Алекс Баена.

Но за тоа да се случи ќе требаат пари, па затоа медиумите во Шпанија почнаа со шпекулации дека Симеоне е подготвен да го продаде еден од своите најдобри или клучни играчи. Планира да го стави Родриго де Пол на трансфер листа.

Факт е дека Аргентинецот без проблем ќе си најде нов клуб, а Атлетико за него има намера да бара голема сума на пари. Инаку договорот на Де Пол со Атлетико Мадрид му истекува во јуни следната година.

ПретходноТасевски: Јас сум Македонец, живеам во Бугарија и мојата цел е да ги зближам двата народа (ВИДЕО)
СледноСинот на легендата на Босна да заигра за Македонија