Главчев до клубовите: Ви ја подавам раката за подобро утре на кошарката

209

Томица Главчев и официјално е новиот претседател на КФСМ. Тој доби доверба од делегатите за следните четири години. Станува збор за човек од кошарката и познат бизнисмен.

Тој на Вонредното Изборно Собрание им се обрати на претставниците на клубовите презентирајќи дел од своите планови. Главчев во последен момент дојде како кандидат за КФСМ, па затоа најави транспарентност и разговор со клубовите за доброто на кошарката.

„Не бев од почеток на иницијативата, затоа луѓето кои претходно беа во оваа активност ќе бидат во мојот тим, посебно го поздравувам Ѓуроски, кој ја донесе оваа ситуација до тука. Имав повеќе состаноци со членови на делегатите, имавме отворени и нервозни разговори за моите видувања, наидовме на некои разбирања во која насока и која насока треба да се превземат конкретни активности.

Во овој момент сакам да кажам, она на што размислувам во следните четири години е транспарентноста ќе биде на ниво на која треба да биде. Главен приоритет е посета на сите градови и населени места на кои се играч кошарк, дури и на оние места каде што се планира да се игра кошарка“, рече Главчев. 

Иднината на националниот тим исто така ќе биде важна во сите категории, не само со поставување на селектори, туку и обезбедување на сите услови. Исто така на прво место конечно ќе биде и женската кошарка.

„Младинските категории ќе бидат исто така важни. Ќе мора да разговараме во која насока ќе одиме со тие деца. Мора посериозно да размислиме за настапот на сениорските селекции, но младинските селекции. Стратегијата не е само назначување на луѓе на тие селекции, туку обезбедување на услови за истите.

Имав разговор со луѓето од женската кошарка каде во изминатите години не е опфатена од страна на медиумите, имаат стратегија како да се одвивааат нивните активности. Ќе ги поддржиме во секој поглед.

Анализа на постојниот систем на натпреварување, одлуките нема да ги донесеме ние како први луѓе на федерацијата туку ќе ги донесеме заедно со клубовите. 

Исто како ќе бидат опфатени странските играчи за кои ќе се бара подадена рака од државата за да истите бидат пријавени за пократок рок. Со клубовите исто така ќе разговараме за бројот на странските играчи во домашниот шампионат.

Ви ја подавам раката, но очекувам и вие дека ќе ја подадете за подобро утре на кошарката“, додаде Главчев кој исто така ја потенцира соработката со тренерското и судиското здружение. 

ПретходноГлавчев избран за нов претседател на КФСМ (ФОТО)
СледноГаштаров: Црвена Звезда е најголемиот клуб на овие простори, допрва ќе се докажам во нејзиниот дрес