Шок за Роналдо: Ал-Наср поразен од Кавасаки, Џани против Јапонци ќе игра во финалето на ЛШ во Азија!

153
Фото: Ал-Наср/Твитер

Вечерва во второто полуфинале во Лигата на Шампионите во Азија, јапонскиот Кавасаки среде Ријад успеа да го победи Ал-Наср на Роналдо со 2:3 и со тоа да се пласира во големото финале каде ги чека нашиот репрезентативец Езѓан Алиоски со својот Ал-Ахли, кој вчера го победи Ал-Хилал и се пласираше во финалето на ова натпреварување.

Секако дека сите очекуваа финале на две екипи од Саудиска Арабија, тоа секако дека го очекуваше и самиот Кристијано Роналдо, но ете, Кавасаки победи и заслужено ќе се бори против Џани и Ал-Ахли за пехарот.

На овој меч Роналдо не успеа да постигне гол. Стрелци беа Мане и Јахија за Кавасаки стрелаа Ито, Озеки и Ленага.

ПретходноФлик и Инзаги ги објавија стартните состави: Барса со Феран во шпицот, Интер со Лаутаро и Турам! (ФОТО)
СледноПелистер моќно до прва победа, ТФТ е веќе во полуфинале