Попладнево се одиграа два меча од плеј-аутот во нашата елитна кошаркаска лига. Прво Гостивар како домаќин го победи Вардар со 94:84. Во првите две четвртини се водеше израмнета битка, домашните на пауза заминаа само +1 поен.
Во вториот дел, поточно во третата и четвртата четвртина, Гоствар беше подобар и успеа на крајот да победи.
Елис со 23 поеи беше најефикасен кај победничкиот тим, додека кај Вардар тоа беше Бајрам со 22 поени.
На втоиот меч меѓу Шкупи и Тиквеш славеа исто така домашните со 75:73, но на драматичен начин и тоа со две погодени слободни фрлања на три секунди до крајот.
Тоа беше крајно интересен меч во кој кавадарчани во втората четвртина направија разлика од +8 поени, но во продолжение од средбата домашните сепак успеаја да дојдат до победата.