Евролига: Барса се врати во живот, ПАО со „брејк“ во Истанбул

46

Кошаркарите на Барселона го победија Монако на домашен терен со 100:89 и намалија на 1:2 во четвртфиналната серија од плеј-офот на Евролигата, која се игра до три победи. Каталонците изнудија реакција пред своја публика по двата порази во Монте Карло и го закажаа четвртиот натпревар, кој ќе се игра задутре на истото место.

Вили Ернангомез ги предводеше Шпанците со дабл-дабл од 19 поени и 10 скока. Кај Монако, дабл-дабл имаше Мајк Џејмс, кој запиша 20 поени и 12 асистенции.

Панатинаикос извојува голема победа на гостувањето во Турција против Анадолу Ефес со 77:81 и со тоа дојде до предност од 2:1 во меѓусебните дуели од ова четвртфинале.

Шејн Ларкин беше најефикасен кај Ефес со 17 поени и четири асистенции, додека кај гостите Кендрик Нан беше убедливо најдобар со 25 поени.

ПретходноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Интер поведе со 0:2, Барса се врати за 2:2 (ВИДЕО)
СледноНовото чудо од Аргентина со порака до менаџерите: Само еден клуб ме интересира!