Кожув низ продолжение до прва победа над МКК Куманово

35

Кошаркарите на Кожув преживеаја во една вистинска кошаркарска драма во Гевгелија и успеаја по едно продолжение да ја остварат првата победа во четвртфиналето против МКК Куманово. Гевгеличани на крајот славеа со 90:86 и успеаја да се изборат за продолжение на серијата, додека кумановци ќе се обидат на следниот натпревар да дојдат до третата победа која ќе им обезбеди полуфинале.

Мечот имаше доста пресврти, особено на крајот на првиот и почетокот на вториот дел. МКК Куманово првиот дел го заврши со предност од пет поени (38:43), а во третиот период Кожув успеа да се врати комплетно, па дури и да поведе со 4 поени разлика кон средината на третиот сет (57:53), но МКК Куманово до крајот на периодот си ја врати предноста и со 61:65 отиде во последните 10 минути.

Таму видовме драма во која во самиот финиш Кожув надомести минус три и со 76:76 го однесе мечот во продолжение. Во дополнителните поени гостите почнаа подобро, но финишот комплетно им припадна на домашните кои со една тројка на Пилепиќ, практично и дојдоа до победата.

Симиќ и Вилсон со по 24 поени беа најефикасни кај Кожув, додека Луковиќ постигна 26 кај МКК Куманово.

ПретходноПелистер моќно до прва победа, ТФТ е веќе во полуфинале
СледноМаурицио Сари на клупата на Милан?!