Куп на Македонија: На финалниот меч Вардар – Струга ТЛ ќе има ВАР!

269

По вторпат во историјата на мак – фудбалот, мислиме тука секако на домашна сцена, на еден натпревар ќе има ВАР. И тоа на средбата меѓу Вардар – Струга Трим Лум во финалето на Купот на Македонија, кое се игра на 21 мај на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје од 20 часот.

Да потсетиме дека и на ланското финале од Купот, за првпат, имаше ВАР на мечот Тиквеш – Воска.

Секако дека ова е уште чекор напред кон применување на ВАР технологијата во нашиот фудбал, кој стана приоритет на новото раководство на Фудбалската федерација на Македонија на чело со Масар Омерагиќ.

Познато е дека Омерагиќ вети дека од следната сезона во нашата ПМФЛ ќе има ВАР технологија и во моментов се прават неопходните чекори од надлежната комисија така и да биде.

ПретходноЛуди сцени: Таткото на Халибартон трчаше по Јанис на теренот – па настана хаос (ВИДЕО)
СледноАртета: Ова е само прво полувреме, имаме шанса за финале!