Лазаров го скрати списокот за Естонија и Литванија, кам-бек на Томовски

159

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објави списокот на повикани играчи за претстојните натпревари во квалификациите за пласман на ЕП 2026.

Мартин Томовски ќе го има својот репрезентативен кам-бек и ќе биде дел од голманското трио заедно со Митревски и со Галевски. Новина е и враќањето на искусниот Ојлески на позицијата лево крило, по тешката повреда на Цветан Кузманоски, а своето деби во националниот тим во мајските квалификациски дуели би можел да го има Мартин Ивановски, кој доби шанса на позиција среден бек во ситуација кога се повредени и Марко Митев и Игор Ѓоргиев.

Во рамки на машката ЕХФ недела, машката сениорска селекција ќе ги оддигра натпреварите од 5-тото и 6-тото коло во квалификацискиот циклус против репрезентациите на Естонија на гости и против Литванија на домашен терен.

На списокот на Лазаров се најдоа следните ракометари:

Собирот е закажан на 4-ти Мај 2025 година (недела) со почеток во 15:30 часот во Хотел Александар Палас во Скопје.

ПретходноДербито на „Чаир“ меѓу Шкупи и Вардар ќе се одигра во сабота
СледноПознат е терминот на одигрување на мечот кој ја засега цела Битола!