Луди сцени: Таткото на Халибартон трчаше по Јанис на теренот – па настана хаос (ВИДЕО)

448

Милвоки пропушти водство на крајот од продолжението од петтиот натпревар од првото коло од плејофот кај Индијана, која го искористи тоа за победа од 119:118 и со тоа се пласираше во полуфиналето на Истокот со вкупни 4:1. Кливленд, најдобриот тим во регуларната сезона, ги чека таму.

Херој на неверојатната победа беше Тајрис Халибуртон. Една минута пред крајот на последната четвртина, Милвоки имаше предност од четири поени, но потоа Халибартон го израмни резултатот со две слободни фрлања и едно забивање и ја одведе Индијана во продолжение.

Сепак, таму Бакс го постигнаа невозможното. Само 45 секунди пред крајот, гостите имаа, се чинеше, недостижни седум поени повеќе, 111:118, кои брзо ги продадоа заа пораз.

Сензационалниот пресврт и победата за пласман беа прославени од преполната Аренаво Индијанаполис, но таткото на Халибартон, Џон, претера со прославата. Тој беше под кошот на Бакс, и штом заврши натпреварот, истрча на теренот кон Јанис Адетокумбо и навиваше пред главната ѕвезда провокативно мавтајќи со знаме на кое беше неговиот син. Снимката покажува дека тој му зборувал нешто на Јанис, но дека асот на Бакс молчел.

 

ПретходноЧави има нова работа?
СледноКуп на Македонија: На финалниот меч Вардар – Струга ТЛ ќе има ВАР!