Гол-шоу во само 45 минути во Каталонија. Барселона и Интер понудија полувреме за паметење и со четири гола се уште го држат мечот комплетно отворен, затоа што видовме по два гола и во двете мрежи за 2:2 по првиот дел.
Интер имаше молскавичен старт и уште по само 29 секунди, Маркус Турам успеа да го отвори резултатот за водство на Италијанците од 0:1. Шокот од ова рано водство доби и продолженоп издание кога дамфрис со еден велемајсторски потег во 21. минута успеа да ја зголеми предноста на гостите и на 0:2.
Барселона како и многупати досега покажа дека ништо не може да им го скрши духот, па за кусо време ја пребродија кризата и со еден фантастичен гол на Јамал во 24. минута намалија на 1:2, а петнаесетина минути подоцна Торес по асистенција на Рафиња погоди и за израмнување на 2:2.
Останува да видиме каков фудбал ќе ни понудат актерите во второто полувреме.