Митровски со две номинации во ХНЛ – за играч на месецот и за гол на месецот!

98

Димитар Митровски сезонава, посебно во пролетниот дел просто блеска во дресот на Вараждин. Македонскиот играч за врска е во центарот на фудбалска Хрватска што се вели, посебно по последниот меч на неговиот тим со Локомотива на кој Митровски одигра екстра.

Постигна и мајсторски гол од слободен удар, еден од двата на овој меч.

Токму затоа, а и поради игрите во изминатиот период, според ХНЛ нашиот репрезентативец има две номинации.

Првата е за најдобар играч во елитната лига во Хрватска, а втората е најубав гол или гол на месецот.

Допрва ќе видиме дали Митровски ќе успее да се закити барем со една награда.

Исто така и тој и Илија Несторовски се во идеалниот тим на колото во ХНЛ.

ПретходноГаштаров: Црвена Звезда е најголемиот клуб на овие простори, допрва ќе се докажам во нејзиниот дрес
СледноСелекторот Стојановиќ објави скратен список на младинската репрезентација за ЕХФ неделата!