Познат е терминот на одигрување на мечот кој ја засега цела Битола!

219

Викендов продолжува битката за титулата во ракометниот шампионат. После триумфот на Вардар 1961 во Битола и превземањето на врвот на табелата, плеј-офот доби голема доза на неизвесност.

„Црвено-црните“ ќе бидат под голема лупа на битолчани, кои во сабота ќе навиваат за Алкалоид. Кирил Лазаров и неговите момци имаат нова тешка задача. „Пеколното“ темпо после домашните задачи и исцрпувачкиот меч во Норвешка за пласман во финалето на ЕХФ Европскиот Куп продолжува.

Во Автокоманда гостува Вардар 1961, дуелот е закажан со почеток во 18 часот. Гостите ќе бараат два нови бода против секогаш незгодниот млад состав на Алклоид кој многу пати покажа дека и во најтешкото е најсилен. Па токму затоа во Пелистер се надеваат дека Лазаров ќе најде начин и без лидерите во составот да дојде до изненадување, кое пак може да донесе нови промени на врвот.

Вардар 1961 е лидер со 12 бода, Пелистер има 11, додека пак Алкалоид 8.

Ова е прв меч од серијата, кој „црвено-црните“ мора да го добијат до решавачкиот дуел во СЦ „Јане Сандански“ против Пелистер, кој треба да го реши името на шампионот.

Пелистер пак во шестото коло се гости на Тиквеш, меч кој треба без проблем да го добијат.

ПретходноЛазаров го скрати списокот за Естонија и Литванија, кам-бек на Томовски
СледноТрета победа за шампионот: МЗТ Скопје потврди место во полуфиналето